Арда Мустафаоглу освои прво место во Грција

Од:

На меѓународниот онлајн музички натпревар „EMuse” организиран од меѓународна асоцијација за уметност „The Muse” од Атина, македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу го освои првото место.

27 членови на меѓународното жири помеѓу кои Petras Genusas (Литванија), Elena Kuznetsova (Русија), Lydia Frumkin (САД) и Boris Rozin (Русија), одлучија петнаесетгодишниот Арда Мустафаоглу како првонаграден да настапува на концерт во византискиот музеј во Атина на 30. јуни 2018 година.

Натпреварот “EMuse” е единствен натпревар во Грција со меѓународни размери за класични музичари од сите возрасти и националности, поради што е поддржан од грчкото Министерство за култура и Министерството за туризам. На овој натпревар, од 2005 година до денес учествувале 920 учесници од 87 држави.

Арда Мустафаоглу, покрај настапот во византискиот музеј во Атина, деновиве ќе настапува и во народниот театар “Иван Вазов” во Софија, а ќе има и солистички концерт во Париз.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска