Канадскиот премиер Џастин Трудо денеска изјави дека американската одлука за воведување на царини на увоз на канадски челик и алуминиум е многу лоша идеја која ќе ги наруши трговските односи меѓу двете држави.
Според Трудо, јасно е дека одлуката на САД ќе предизвика штета и ќе загрози работни места како во Канада така и во САД.
На почетокот на март Трамп воведе давачки од 25 проценти на увоз на челик и 10 проценти на увоз на алуминиум, со цел да ги заштити американските производители.