„Криминалниот картел влегува во милионски бизниси. Заев и Анѓушев треба да одговорат колку е зголемено нивното богатството откако ја превземаа власта? Тие мораат да одговорат зошто имотот кој го стекнале тие или нивните најблиски не е внесен во нивните анкетните листови?
Веднаш по преземањето на власта фирмите на Заеви го купија конфекцискиот гигант Гераст Цунев со над 1800 метри квадратни метри деловен простор, за сума помала од вредноста на моторот на Заев односно за само 20 илјади евра. Кланот Заев влегоа и во милионскиот бизнис со марихуана.
Богатството се трупа, а на Заев анкетниот лист е непроменет.
Вториот човек на картелот Кочо Анѓушев, веднаш по добивањето на вицепремиерската функција, неговата фирма ,,Фероинвест’’ доби тендер вреден 2.8 милиони евра од државното претпријатие АД ЕЛЕМ. Набргу потоа владата ги укина царинските давачки за јонско литиумски батерии, кои ги користат само фирма на Кочо Анѓушев.
Анѓушев е човекот кој очигледно добро профитира од оваа власт. Имено веднаш по јавното лицитирање на можни имиња за државата, кои според него се прифатливи, уследи информацијата дека ја продава својата фирма за трговија со струја на грчкото електростопанство. Фирмата е продадена за 4.8 милиони евра, а оваа информација сеуште не е внесена во неговиот анкетен лист.
Зошто Заев и Анѓушев ги кријат овие податоци од јавноста. Зошто нивните анкетни листови се непроменети, иако е очигледно дека нивната имотна состојба се сменила?
Овој криминоген картел работи само за интересите на една мала група на луѓе. Интересот на државата и граѓаните се колатерална штета. Додека картелот се богати, граѓаните осиромашуваат. Оваа ненародна власт мора да си замине. Граѓаните заслужуваат подобро“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.