ЕЛЕМ: „СВ Инвест“ никогаш не била ангажирана како подизведувач за транспорт на јаглен во РЕК Битола

Од:

Фирмата „СВ Инвест“ – Битола никогаш не била ангажирана како подизведувач за транспорт на јаглен во РЕК Битола, информираат од АД Електрани на Македонија.

Нагласуваат дека тврдењето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е целосно неточно.

Мицкоски денеска во видео обраќање побара од Обвинителството да провери дали е точно дека компанијата „СВ Инвест“ е ангажирана за подизведувач во оперативните градежни работи во РЕК Битола.

– Од видео материјалот може да се види дека фирмата „СВ Инвест“ врши превоз на јаглен со товарни возила кои се со јасна ознака на оваа компанија, но се со струмички регистерски таблици. Тоа е така бидејќи сопственик на овие камиони кои се гледаат од видео материјалот не е „СВ Инвест“, туку компанијата „ДГИ Тотал Инжинеринг Струмица“ каде управител и сопственик е лицето Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, обвини Мицкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: РЕК Битола работи на продолжен кабел

Десетмина обвинети за злоупотреби во РЕК Битола, штетата е речиси три милиони евра

Радиоактивниот фон во РЕК Битола „не бил многу поголем од природниот“

Катерина Ѓуровски

Левица: РЕК Битола повторно го загрози животот на граѓаните со радиоактивен пепел

Горан Наумовски

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка, Обвинителството бара „замрзнување“ на имот за инволвираните

СДСМ: Не се копа јаглен од Суводол, багерот не работи

Горан Наумовски