15 луѓе се повредени откако синоќа се судрија два воза во Португалија, соопшти полицијата.
Португалски медиуми и спасувачки тимови тврдат дека воз кој сообраќал на линија Лисабон-Опорто удрил во последниот вагон од регионален воз во близина на местото Алфарелос.
Дел од повредените патници се префрлени во болница во Коимбра. Железничкиот сообраќај меѓу Лисабон и Опорто е во прекин.