ВМРО-ДПМНЕ: За прв пат во историјата на Македонија јавниот долг е над 5 милијарди, а државниот над 4 милијарди евра

Од:

„Задолжувањето ги урна психолошките граници за помалку од една година од владеењето на економското цунами наречено влада на Заев. Државата тоне во долгови, а капитални инвестиции нема. За прв пат во историјата на Република Македонија јавниот долг скокна над 5 милијарди евра, а државниот над 4 милијарди евра.

Заклучно со последните информации кои ги објавува министерството за финансии за првото тромесечие во 2018 година, и покрај фризирањата преку вештачки напумпаните проценки на БДП, јавниот долг ја надмина психолошката граница од 5 милијарди евра, односно изнесува над 5 милијарди и 84 милиони евра. Државниот долг исто така ја надмина психолошката граница од 4 милијарди евра и сега тој изнесува над 4 милијарди и 270 милиони евра.

СДСМ, Зоран Заев и министерството за финансии ја лажеа јавноста за состојбата на долгот на Република Македонија. Лажеа, но не успеваат ниту со лажење да ја покријат катастрофалната економска политика која ја спроведуваат на дело.

Граѓаните ги задолжуваат за да си обезбедат пари за расипничкото однесување и тендерите кои си ги делат меѓу себе. Корупцијата цвета, картелот се богати, а пари за повисоки пензии и плати нема.

Сите во државата страдаат од неспособноста и незнаењето на оваа влада, освен фирмите на Заеви и Анѓушев кои метастазираат како канцер во македонската економија. Животот за нив можеби е дојден, ама не и за македонските граѓани, кои поради оваа неодговорна власт на СДСМ се натоварени со рекорден државен и рекорден јавен долг“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ