Волмарт ја продава својата филијала во Британија

Од:

Британскиот синџир супермаркети Сеинсберис потпиша договор за купување на филијалата на Волмарт во Британија, Асде, за 7,3 милијарди фунти (10,1 милијарди долари) во готовина и во акции.

Како што е наведено во соопштението, Сеинсберис ќе му плати на Волмарт 4,3 милијарди фунти во акции и 2,98 фунти во готовина.

Волмарт во комбинираната компанија ќе поседува 42 отсто од сопственичкиот удел.

Со ова спојување ќе се создаде најголемиот синџир на супермаркети во Британија, со над 30 отсто од влијанието на пазарот, со што ќе го надмине актуелниот лидер – Теско.

Договорот треба да биде одобрен од страна на британскиот регулатор за заштита на конкуренцијата и пазарот.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон