А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ѓорѓиевски: Картелот на власт ја зароби државата и ја користи за свои лукративни причини

by А1он29/04/2018 - 15:09149
Share0

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека, како што рече, картелот на власт континуирано го зголемува своето богатство.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Зоран Заев потврди дека неговата фамилија, преку братучедот Трајче Заев, влезе во милионскиот бизнис со марихуана. Ова е второ големо проширување на бизнисите на Заеви, откако Зоран Заев е премиер. Имено по стапувањето на функција на Заев, фирмите на Заеви го преземаа струмичкиот конфекциски гигант, Герас Цунев со деловни простории над 1800 м2, по цена од една гарсоњера или само за 20.000 евра. Доколку тука нема конфликт на интереси, тогаш до крај на мандатот половина Македонија ќе стане сопственост на неговиот клан. Јавноста има право да знае за колку е зголемен капиталот на Заеви и нивните фирми, откако Зоран Заев е премиер, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека Кочо Анѓушев со стапувањето на функцијата вицепремиер, неговиоте фирми започнале да нижат државни тендери.

– Па така Фероинвест на Анѓушев, доби тендер вреден 2.6 милиони евра, од АД ЕЛЕМ, а Владата на седница изгласа ослободување од царина за јонско литуимски батерии, кои во Република Македонија, добро знаеме дека единствено ги користи само фирма на Кочо Анѓушев. Деновиве јавноста беше сведок на уште една зделка на Кочо Анѓушев. Во екот на преговорите околу спорот за името, Анѓушев си доби на сметка 5 милиони евра oд соседна Грција. Тој си ја реализираше продажбата на неговата ЕДС, на грчкото електростопанство за 4.8 милиони евра. Пред да се реализира зделката, Анѓушев лицитираше со неколку можни додавки за името на државата, како, Горна, Северна, Вардарска, кои според неговите зборови за него лично се прифатливи. Ваквиот настап се поклопи со информацијата дека неговата фирма е предмет на интерес за грчкото електростопанство, рече Ѓорѓиевски.

Следете a1on на Youtube YouTube

Како што кажа тој, картелот ја има заробено државата и ја користи за свои лични лукративни потреби.

– Целата држава, државниот апарат и државните средства се ставени во полза на картелот. Додека стандардот на граѓаните се влошува и се живее далеку полошо од пред една година, Заев, Анѓушев и врхушката околу нив, преку нивните семејни фирми влегуваат во милионски бизниси. Овој криминален картел мора час поскоро да си замине. Нашите граѓаните заслужуваат подобро, рече Ѓорѓиевски.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Предраг Петровиќ30/10/2026 - 20:20

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 09:43

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски15/10/2026 - 09:2715/10/2026 - 09:29

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он05/10/2026 - 11:41

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 11:40

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 09:1603/10/2026 - 09:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео