Татко и син приведени откако нападнале полицајци во Ресен

Од:

Татко и син од Ресен се приведени синоќа откако нападнале неколку полициски службеници кои вршеле увид во сообраќајка во која учествувал синот.

Како што соопшти МВР, настанот се случил синоќа околу 23,50 часот на улицата „Борис Кидрич“, додека полициските службеници од Полициската станица Ресен вршеле увид на претходно случена сообраќајна незгода, во која учесници биле Т.А. од с.Болно и Б.М.(18) од Ресен.

– На местото на настанот дошол З.М.(41) татко на Б.М. и прво вербално, а потоа и физички нападнал еден од полициските службеници. Потоа, и неговиот син Б.М. ги нападнал полициските службеници. Во еден момент полициските службеници забележале дека кон нив доаѓала група на граѓани кои сакале да ги нападнат, по што од страна на полициски службеник од службениот пиштол било пукано во воздух и групата се вратила назад, наведуваат од МВР.

Б.М. и З.М. биле приведени во Полициска станица Ресен. Известен е јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Жена со автомобил удрила во метална ограда, со тешки повреди завршила во болница

Комисија ќе утврдува дали имало грешки во лекувањето на бебето од Ресен кое почина по 30 часа од раѓањето

Катерина Ѓуровски

Тепачка во Одделението за урбанизам во општина Ресен, уапсен е насилникот

Силувал 6-годишно девојче, искористил што си играла со внука му – притвор за жител на Ресен

Анита Петровска Рајковиќ

Татко и син од Ресен завршија во болница спасувајќи ја куќата од пожар

Горан Наумовски

Приведен маж од ресенско, злоупотребил картичка на скопјанка

А1он