ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев ги окупираше институциите и ја зароби државата

Од:

„Зоран Заев и криминалниот картел кој го води ја спроведуваат Тиранската платформа на сметка на правото и правната држава. Убијците во случајот „Монструм“ се на слобода, а неистомисленици на Зоран Заев неосновано се притвораат.

Зоран Заев пред изборите тврдеше и ги манипулираше семејствата на убиените дека ја знае вистината за бруталната егзекуција кај Смилковско езеро. Заев, повеќе години водеше морбидна кампања и го искористи свирепото убиство за собирање на политички поени.

Сега откако е на власт, Заев тврди дека нема докази за ѕверската ликвидација кај Смилковско езеро и дека, ако ги имал истите и ќе ги објавел. Заев лаже и манипулира.

Додека беше опозиција Зоран Заев алудираше на поврзаноста на ДУИ со убијците. Според исказот на семејствата, тој им покажувал транскрипти од разговори помеѓу Невзет Бејта и Фејзи Азири, а тврдел и дека пет од броевите кои се заведени како државна тајна се на функционери од ДУИ. Наеднаш Заев заборави на се што им кажуваше на родителите. Дали коалицијата со ДУИ е причина за неговата амнезија?

Зоран Заев и криминалниот картел кој го води си поиграа со целата држава и граѓаните. Зоран Заев ги окупираше институциите и ја зароби државата. Правото не се применува, а наместо доказите и аргументите политиката е во преден план. Институциите не работат. Чесни граѓани се влечат по притвори и судови, а веќе осудени убијци се пуштаат на слобода.

Државата ништо не презема за правосилно осудените убијци Алил Демири и Африм Исмаиловиќ да бидат екстрадирани во државата, но затоа малтретира лекари, режисери, актери и докажани општествени дејци. Ова незаконие мора да запре. Злоупотребата на институциите и девалвирањето на правото мора да запре. Граѓаните заслужуваат правна држава и стабилни институции. Граѓаните заслужуваат подобро“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски