„Го претепале и го натерале потоа да каже дека паднал од скали“, „полицаец малтертирал дете во училиште кое сакало да протестира против екстерното тсетирање“, ова се дел од објавите на народниот правобранител, Иџет Мемети, на денешната дебата организирана од „НВО инфоцентар“ и Хелсиншкиот комитет за човекови права за граѓанскиот мониторинг врз полицијата.
Мемети покажувајќи и слики и материјални докази рече дека тие завршувале во Обвинитеслтвото, но никогаш не биле процесирани. Тој ја спомена обвинителката Гордана Гешкоска, која, како што рече тој, одбила да му ја прими кривичната пријава и му велела „не ми отворај такви теми“.
Омбудсманот потенцира дека затаил Секторот за внатрешна контрола при МВР, кој треба да реагира по претставките и жалбите на граѓаните. За периодот 2016/2017 година, институцијата народен правобранител поднела 3 кривични пријави против затворски чувари и 5 кривични пријави против полицајци за излегување од службените овластувања.
Тој го спомена и случајот „Сопот“, за кој, како што рече, многу претходно алармирале дека исказот на сведокот на кој е заснована пресудата е даден под присила и дека има мачење и нечовечко постапување.
Мемети рече дека и оваа власт сака преку неодобрувањето дополнителни средства за работата на Омбудсманот да ја има контролата врз оваа институција. Според студијата, народниот правобранител треба да има најмалку 94 вработени лица, а моментално работат 64 лица.
Васко Маглешов