Силното стратешко партнерство меѓу Република Македонија и САД продолжува

Од:

Во текот на вчерашниот ден, министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, се сретна со висок претставник во Стејт Департментот, Пол Фајфер, во Бирото за Европа и Евроазија.

Министерот Адеми ја истакна силната заложба на Владата на Република Македонија за воспоставување на институционална соработка со дијаспората и ги запозна домаќините со работата на Владата во однос на актуелните политички прашања, при што ја потврди посветеноста на Република Македонија за влез во НАТО и Европската Унија.

Високиот претставник на Стејт Департментот, Пол Фајфер, и честиташе на Владата на Република Македонија за добиената чиста препорака од Европската Комисија за почеток на преговорите за членство во Европската Унија и изрази силна поддршка од САД за реформските процеси во Македонија дефинирајќи ја Македонија како една од ретките земји која за краток период под раководство на новата Влада направи целосен пресврт на внатрешен план, регионалната соработка и во меѓународната политика во целина.

Воедно, во попладневните часови, во просториите на Амбасадата на Република Македонија во Вашингтон, министерот Адеми се сретна со претставници од Форумот за Демократска Македонија.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски