Чешката компанија за кибер безбедност Аваст планира да излезе на слободниот пазар, и се очекува да понуди акции на лондонската берза при што вкупата вредност на компанијата би изнесувала меѓу 3,5 и 4,5 милијарди долари.
Компанијата би продала акции во износ од околу 200 милиони долари. Лондонската берза активно се обидува да привлече повеќе компании од технолошкиот сектор, при што Софос е единствената поголема компанија за кибер безбедност која сега е активна на оваа берза.
Аваст лани имаше промет од 780 милиони долари. Основачите Павел Баудис и Едуард Кучера се сопственици на околу 46 проценти од компанијата.