ВМРО-ДПМНЕ: Картелот на власт на чело со Заев не исполни ниту едно ветување дадено кон граѓаните и бизнис секторот

Од:

„Граѓаните очекуваат конкретни мерки и проекти, а не еуфорични пресконференции. Зоран Заев и картелот на власт ја влошија бизнис климата во државата и ги дестимулираа инвеститорите.

Заев ветуваше проект младинска гаранција, со ветување дека ќе го реализира во првите 6 месеци од новата влада, и ќе нуди вработување или дообразување на младите по завршување на нивното образование. Овој проект не го реализира.

Заев ветуваше 22 милиони евра активни мерки уште првата година од мандатот, Заев излажа.

Наместо поволности, граѓаните добија покачени даноци, акциза на дизелот зголемена за 3.5 денари и најава за покачување на данокот на доход. Економијата наместо раст доживува стагнација.

Картелот на власт на чело со Заев не исполни ниту едно ветување дадено кон граѓаните и бизнис секторот.

Економијата по долго време раст за прв пат се соочи со стагнација. Раст на БДП минатата година немаше. Тоа е показател дека власта не знае да работи, нема план, нема визија за државата.
Како што забележа и ЕК во извештајот оваа година државата се соочува со голема стапка на сива економија. Тоа е проблем кој Заев и картелот кој го води не го решаваат, туку го потискаат.

Економското цунами Заев – Тевдовски – Анѓушев ја уништија економијата и ја уназадуваат Република Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Седум години СДС и Филипче беа фабрика за скандали и афери, СДС е во целосен хаос и без компас

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ