Промените во владиниот состав Заев ќе ги соопшти по 1 мај

Од:

Во завршна фаза се преговорите за владината реконструкција, а по 1 мај премиерот Заев најави дека ќе ги соопшти промените во владиниот состав. Тој не открива кои партии ќе влезат во владината коалиција со образложение дека одлуката зависи од раководните органи на партиите.

-Течат разговорите и преговорите, јас се надевам дека овој викенд ќе привршиме. По првомајските празници ќе ги соопштам пред јавноста промените во владиниот состав, а потоа и соодветно за промените на директорските места во одредени институции, рече Заев и додаде дека сè уште не се знае кои партии ќе влезат бидејќи органите и телата на сите партии ќе донесат одлуки за тоа што разговарале со претседателите на партиите.

Засега е познато дека Турската демократска партија станува дел од владината коалиција, како и двете крила на движењето Беса, откако премиерот Заев потврди дека преговара со Беса на Билал Касами, но и со крилото предводено од Африм Гаши.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези