Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија денеска организираше традиционалната 10. туристичко-гастрономска изложба на алтернативни форми за развој на туризмот на која беше претставено етно наследството од овој крај, предмети и артефакти, обичаи и гастрономски вештини од страна на студентите.
Деканот на факултетот, Никола Димитров ја отвори изложбата поздравајќи ги присутните гости меѓу кои беа директорот на Стопанската комора за туризам, Биљана Пејовска-Ристевска, директорот на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, Љупчо Јаневски и гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков.
Јаневски ја истакна огромната важност на туризмот како стопанска гранка во развојот на нашата земја. Посочи во 2017 година во земјава претстојувале еден милион туристи кои оствариле три милиони ноќевања и изрази надеж дека оваа година ќе донесе уште подобри резултати.