Иџе со ново Хјундаи ќе се трка во ТЦР шампионатот

Од:

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе во новата сезона ќе се натпреварува во европската ТЦР – серија, откако лани имаше успешен настап и 4.место во генералниот пласман од ЕТЦЦ серијата.

Тој ќе вози „Хјундаи И30“, а возилото ќе го добие на само неколку дена пред стартот на натпреварувањето и ќе нема многу време за подготовки што е мал хендикеп, но најважно е дека со поддршка на спонзорите Иџе ги доби потребните ресурси и оваа сезона да биде дел најдобрите европски автомобилисти.

– Благодарение на сите во мојот тим, на моите пријатели и спонзори кои веруваа во мене и годинава ќе имам можност да се натпреварувам со најдобрите во Европа. Не очекува голем предизвик, во новата сезона во ТЦР шампионатот. Ќе дадам се од себе да освојам што повеќе бодови, изјави Стефановски на денешната прес-конференција.

Тој ќе се натпреварува со ново возило „Хјундаи И30“ кое важи за едно од најконкурентните во ТЦР шампионатот.

Новата сезона на Европскиот ТЦР шампионат почнува на 6 мај со трката на патеката „Пол Рикар“ во Франција.

Предвидено е да се возат вкупно седум трки. Покрај Франција 30 пријавени возачи ќе се натпреваруваат и во Холандија (два пати), Белгија, Унгарија, Италија и Шпанија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пандев, Лазаров и Стефановски веќе нема да рекламираат игри на среќа

Катерина Ѓуровски

Игор Стефановски-Иџе во партнерство со „Макпетрол“ до врвни резултати на европските авто-трки

Давидовски ќе стартува од прв ред на последната трка од светско

Ана Ололовска

Вуков го скрши малерот во квалификациите, оптимистички ја најави трката во Мизано!

Ана Ололовска

Давидовски ќе стартува прв во Франција: Имам доверба во тимот!

Ана Ололовска

Давидовски ја стартува петтата сезона во ТЦР Европа

Ана Ололовска