Мичурин ќе добие нов парк

Од:

Општина Аеродром ќе гради нов парк во населбата Мичурин, спроти ОУ „Блаже Конески“.

Новиот проект ги вклопува постојните елементи, односно детското и спортско игралиште, патеките и дрвјата и предвидува нивна целосна обнова, поставување нови и дополнителни реквизити и урбана опрема.

– Идејното решение максимално ќе ги користи постојните зелени површини, а проектирани се и нови зелени површини и богато хортикултурно уредување. Овој парк, што ќе се гради по долгогодишно барање на жителите од овој дел на Аеродром, ќе биде прилагоден за сите возрасти, соопшти општина Аеродром.

За проектот се издвоени околу девет милиони денари од Буџетот на општина Аеродром. Активностите на терен ќе почнат веднаш по изработката на основниот проект и добивање одобрение за градење.

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи