(ВИДЕО) Стаменковска: На Македонија и се потребни реформи со градење на патишта, а не со блех музика

Од:

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Невенка Стаменковска на седницата на Комисијата за европски прашања презентираше кои се добивките на Македонија ако биде членка на Европската Унија и според неа, тоа ќе биде резултат на вистинските напори на реформите кои се спроведени во Македонија.

„Македонија имаше безусловна препорака и во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Денес благодарение на Владата на ВМРО-ДПМНЕ сме овде. Новата Влада ветуваше дека за шест месеци ќе влеземе во ЕУ. Но, имаме спротивност. Македонија е најкорумпирана земја, истото е нотирано од извештајот на ЕУ. Европската комисија го нотира и политичкото влијание врз институциите. Декларативните заложби не се доволни. Граѓаните се сведоци на слаба економија, перење на пари и финансиски криминал. Иако ветуваше, 11 месеци не е гонет ниту еден функционер. Граѓаните живеат полошо”, рече пратеничката од опозицијата.

Стаменковска рече дека седницата на Комисијата за европски прашања била закажана без усвоени заклучоци од опозицијата. Таа додава дека на Македонија и се потребни реформи со градење на патишта, а не со блех музика.

„ВМРО-ДПМНЕ работеше и како опозиција ќе работи за влез во ЕУ и НАТО”, рече Стаменковска.

Кристијан Ланов

Би можело да ве интересира

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он