(ВИДЕО) Жбогар до политичарите: Интеграцијата во ЕУ не е техничка вежба со мапи

Од:

Амбасадорот на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар, смета дека извештајот го потврдил напредокот на Договорот од Пржино, како и изборите од декември 2016 со што се дала неусловена препорака за отопчнување на преговори со ЕУ.

„Потребно е да се пофали владината коалиција која се врати назад на патот до реформите. Пофалба и за опозицијата затоа што се посвети на реформскиот процес. Останува многу да се заврши и комплетира. Препораката е јасна за потребата да се спроведат реформите. Она што ЕУ ќе го прави следните месеци е мониторинг на чекорите. ЕУ земјите членки ќе ги оценуваат реформските закони“, вели Жбогар.

Евроамбасадорот го пофали Договорот со Бугарија, но и разговорите за решение на проблемот со името, кој Македонија го има со Грција. Жбогар ги потсети политичарите дека процесот за интеграција не е техничка вежба со планови и исцртани мапи, туку спроведување на евроспките вредности.

„Треба да се даде простор на институциите за да ги завршат сите задачи. Собранието треба да контролира. Стратегијата навести дека ЕУ ќе стане посилна пред да стане поголема. Мора да веруваме во довербата и посветеноста на граѓаните за да стигнеме до демократска Европа“, додаде Жбогар.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски