Предавање на министерот Адеми на Универзитетот Колумбија: Членството во ЕУ и НАТО нема алтернатива

Од:

Во текот на вчерашниот ден, на покана на Хариман Институтот, министерот Адеми одржа предавање на Универзитетот Колумбија во Њујорк на тема “Западен Балкан, Македонија и интеграциските процеси – има ли улога за дијаспората? ”.

На почетокот од предавањето, министерот Адеми се осврна на значењето на земјите од Западен Балкан, како и важноста на нивната стратешка определба кон евроатлантските интеграции. Во тој контекст, министерот ја потенцираше и стратешката определба на Република Македонија за влез во НАТО, истакнувајќи го фактот дека истата датира од 1993 година, кога Собранието на Република Македонија ја усвои Резолуцијата за влез на Република Македонија во НАТО.

Дополнително на тоа, ги потенцираше и конкретните чекори кои Република Македонија ги има превземено од 1993-та година до денес, а кои укажуваат на искрените намери на државата кон евроатлантските интеграции. Министерот Адеми недвосмислено порача дека Владата на Република Македонија искрено верува дека наскоро ќе започне процесот на преговори за влез на Република Македонија во Европската Унија и дека Република Македонија ќе стане 30-та членка на НАТО.

Министерот Адеми се осврна и на искрените намери на Владата на Република Македонија за воспоставување на соработка со дијаспората на институционално ниво. Во контекст на тоа, истакна дека за првпат во Република Македонија се работи на Национална стратегија за соработка со дијаспората.

Истата се базира на четири клучни столбови и има за цел да воспостави една рамка преку која ќе се решаваат клучните проблеми на дијаспората и која ќе овозможи воспоставување и продлабочување на соработката помеѓу државата и дијаспората.

На крај, министерот Адеми се заблагодари за поканата да одржи предавање на еден од најреномираните светски универзитети и истакна дека Владата на Република Македонија и понатаму засилено ќе продолжи со активности кои забрзано ќе донесат полноправно членство на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.

Би можело да ве интересира

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија