Германската опозиција на левиот центар освои минимална предност пред коалицијата на канцеларката Ангела Меркел на вчерашните избори во Долна Саксонија, и на тој начин и нанесе удар пред изборите на кои оваа година ќе се обиде да освои трет мандат.
Опозициската коалиција на Социјалдемократската партија и на Зелените освои само едно пратеничко место повеќе во Парламентот на северозападниот германски регион, во кој живеат осум милиони жители.
Со Долна Саксонија десет години управува коалицијата на конзервативната Христијан-демократска унија на Меркел (ЦДУ) и Слободните демократи, истите партии кои формираат национална Влада.
Меркел ќе се обиде да освои уште еден четиригодишен мандат на функцијата канцелар на парламентарните избори во септември.