Молотови коктели фрлени врз зградата на општина Косовска Митровица

Од:

Непознати лица синоќа во 20.40 часот фрлиле врз зградата на општината Косовска Митровица два „молотови коктели“, кои причиниле мала материјална штета врз зградата на општината, јави српската новинска агенција Танјуг.

Претседателот на општината Косовска Митровица Крстимир Пантиќ изјави дека инцидентот се случил во присуство на војници на КФОР, кои, откако граѓаните почнале да се собираат, се повлекле од местото.

Пантиќ прецизираше дека четири возила на КФОР, по инцидентот, се повлекле во јужниот дек на Митровица, наведувајќи дека зградата на општината од утре ќе ја обезбедуваат припадници на цивилната заштита.

Пантиќ, кој е и заменик директор на Канцеларијата за Косово и Метохија, ја критикуваше постапката на КФОР и најостро ги осуди виновниците за инцидентот.

Зградата на општината Косовска Митровица, која се наоѓа во мултиетничката населба Три солитери, не е првпат мета на напаѓачи. Претходно врз оваа зграда е пукано од огнено оружје, а беше и каменувана.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина