Министерот Адеми во посета на САД

Од:

Во периодот од 22 до 27 април 2018 година, министерот Едмонд Адеми ќе оствари официјална посета на Соединетите Американски Држави.

За време на престојот, министерот Адеми ќе ги посети Њујорк и Вашингтон, при што ќе оствари средби со претставниците на Стејт Департментот, Конгресот на САД и со претставниците на дијаспората од Република Македонија.

Министерот Адеми за време на престојот во Њујорк ќе има предавање на Универзитетот Колумбија на тема: „Западен Балкан, Македонија и интеграцискиот процес – Има ли улога за дијаспората? “.

Во Вашингтон, министерот Адеми ќе оствари средби со високи претставници на државните институции на САД, пред се со г-дин Ашвуд Еферн, координатор на програмите за дијаспора во Kанцеларијата на Државниот Секретар, и средба со г-ѓа Сузан Фалатко, в.д. директорката на канцеларијата за Југо – централна Европа во Стејт Департментот на САД и со група конгресмени во Конгресот на САД, лобисти за Македонија.

Во фокусот на средбите со високите претставници на државните институции на САД и со дијаспората ќе стане збор за динамизирање на стратешкото партнерство во билатералните односи меѓу Република Македонија и САД, за новиот пристап на Владата на Р. Македонија кон евроатланските интеграциони просеци и новиот моментум во овие процеси.

Исто така, со дијаспората ќе се пренесе новиот пристап РМ кон неа и нивно институционално поврзување со матичната земја, како и размената на искуства во однос на странските инвестиции и зајакнување на економскиот сегмент за поврзување со Македонија.

Меѓу другото, министерот Адеми, соговорниците ќе ги информира и за политичките состојби во државата, активностите за членството на НАТО и ЕУ интеграциите, како и размена на мислења за регионалната соработка и други актуелни прашања.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези