Работнички на домашен терен оствари убедлива победа од 100:64 против АВ Охрид во шестото коло од Суперлигата.
Тимот на Марин Докузовски уште од самиот почеток воспостави контрола над играта, а на паузата домаќините заминаа со предност од 30 поени (51:21).
Во третиот и четвртиот период прашањето на победникот веќе беше решено, што им овозможи на домашните кошаркари лесно да го диктираат темпо и да го контролираат резултатот.
Докузовски благодарение на тоа ротираше и пробуваше нови варијанти, а им даде шанса и на помладите играчи.
Кај Работнички најефикасен беше Крстевски со 15 поени, а Ахметбашиќ постигна 21 поен за АВ Охрид.