Над 100 студенти од девет европски универзитети три дена танцуваат во Штип, во рамки на „Share“ програмата која е дел од фестивалот на модерен танц – Танц фест.
Штип е вториот град, каде што се организира Танц фест. Минатата година се одржи во Братислава.
Рисима Рисимкин од Универзитетот „Гоце Делчев“(УГД) – Штип, кој го организира Танац фест вели дека вечерва се последните претстави.
– Платформата содржи работилници за современ танц, секој Универзитет има свој претставник, кој ги одржува истите, вели Рисимкин,
Покрај Македонија, на фестивалот учествуваат танцови групи од универзитетите од Летонија, Литванија, Полска, Чешка, Словачка, Унгарија и Австрија. Директорот на Националната устанува Центарот за култура „Ацо Шопов“, Никола Ристов истакна дека фестивалот се одржува на нивната сцена, со што тие ја дава логистичката поддршка на штипскиот универзитет.
-Драго ни е што имавме можност да помогнеме во реализацијата на овој фестивал. Истиот се поклопува со одбележувањето на годишнината од смртта на нашиот патрон Ацо Шопов и ова го толкуваме како поезија на телото во негова чест, рече Ристов.
Програмата „Share“ овозможува нови контакти со високообразовните институции кои учествуваат, со кои УГД-Штип ќе потпише договор за соработка.