ВМРО-ДПМНЕ: Кого штити и покрива Заев во случајот „Монструм“?

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на премиерот Зоран Заев.

„Срамен и недостоен е начинот на кој што денеска Зоран Заев повторно си поигра со трагедиите на семејствата на петте момчиња егзекутирани кај Смилковското езеро.

За да го одбрани својот коалициски партнер од кого му зависи опстојувањето на власт, денеска тврдеше дека Невзат Бејта со еден од обвинетите во случајот „Монструм“ разговарал околу ургенции за земјоделски субвенции.

Од друга страна, Зорица Наќевска, мајка на убиениот Александар во судот цитираше еден од разговорите кои им ги дал Заев во кој се велело: „Вечерва сонував еден многу лош сон како му ги врзав рацете на момчето, па плачев, па сега си велам да не се израдувам да не не сум го довршил тој никаквец“.

Ова дефинитивно не е разговор кој наликува на ургенција за земјоделска субвенција.

Кого штити и кого покрива Зоран Заев? Зошто продолжува да ги лаже и манипулира ожалостените семејства? Зошто ја потценува нивната мака и се обидува да ги убеди дека разговорот на Невзат Бејта и Фејзи Азири бил обичен случај на економски криминал околу ургенции за субвенции, а не дека е поврзан со грозоморното убиство?

Заев ја ветуваше вистината за случајот „Монструм“, но после 11 месеци откако тој е премиер единствена новина е тоа што обвинетите се најдоа на слобода токму како што се бараше во Тиранската платформа. Виновници зад решетки за грозоморното убиство нема, а Заев не чувствува ниту потреба да ургира кај неговиот косовски колега Рамуш Харадинај за екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.

Станува се појасно дека правда за семејствата на егзекутираните момчиња ќе има само кога Заев ќе замине од власт и ќе ги ослободи институциите“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите