Јаневски: Македонија, како туристичка дестинација, мора да најде начин да ги задржи гостите

Од:

Македонија како дестинација се уште не може да ги задржи гостите. Нивниот број бележи раст, но должината на престојот се намалува. Мора да работиме помодерно, на современ начин, да понудиме дополнителен туристички производ, да фатиме чекор со новиот, електронски начин на промовирање, да го смениме моделот на субвенционирање и да го подигнеме нивото на свест за плаќање туристичка такса.

Како што вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски во интервју за МИА, мора да обезбедиме повеќе од она што го очекуваат туристите. Туристичкиот сектор почнува да се буди на тоа поле, а за министерство за туризам се уште не сме зрели.

Според Јаневски, има туристи кои допрва дознаваат што е Македонија, некои немаат поим каде е. Такви има од секаде, освен од Балканот, а Холанѓаните за кои често се жалиме дека вонпансионски не трошат, не се сиромашни, туку нашата понуда е сиромашна за нив и нивниот пазар.

– Многу поспоро растеме во директниот туристички приход. Мора да понудиме дополнителен туристички производ, секојдневно да создаваме дополнителни содржини. Субвенциите, пак, во оваа форма каква што се сега, дадоа ефект, но моделот треба да се смени. Насоката треба да биде македонскиот туристички сектор. Ќе даваме помалку субвенции, но поефикасни, кои ќе бидат за размрдување на македонскиот туристички сектор. Тоа е основата што мора да ја направиме, истакнува Јаневски.

Јаневски најавува нова стратегија, измени во Програмата во насока на осовременување на дејноста, нов, малку поинаков гастрономски водич „Вкусовите на Македонија“, посета на новинари од Си-Ен-Ен, Би-Би-Си и Нешнал џиографик,…

Годинава очекува поголем број на туристи за 10 – 15 отсто. Предвидува дека Полјаците ќе бидат 50 отсто побројни и дека ќе генерираат 70-80 отсто зголемен број ноќевања.

Годинава таргет на Македонија и е Европа, а во соработка со Србија и Црна Гора веќе е иницирано создавање нов производ – „Патот на вранецот“, посебно наменет за источните пазари и продавање на регионот како една туристичка дестинација.

Агенцијата цени и дека Романија е интересен пазар, поради што размислува да го развива.

Директорот Јаневски се осврнува и на кинеските визи. Вели, сакаме да се укинат, а не ја гледаме другата реалност, дека немаме водичи на кинески јазик.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ