Хоџа: Спогодба за основање културно-информативен центар на Македонија во Тирана

Од:

Владата на 64. седница донесе одлука за склучување спогодба со Советот на министри на Република Албанија за основање на културно-информативен центар на Република Македонија во Тирана и на Република Албанија во Скопје, изјави на денешната прес-конференција владиниот портпарол Муамет Хоџа.

– Со основање на културно информативниот центар на Македонија во Тирана и на Албанија во Скопје очекуваме дополнително да се зголеми соработката меѓу двете држави, да се продлабочи културната соработка и да се создадат услови културните работници и институции на двете држави да го презентираат своето творештво како во Албанија, така и во Македонија, изјави Хоџа.

Посочи дека ова е четврти информативно-културен центар на Република Македонија во странство, по тие во Софија, Њујорк и Истанбул.

Би можело да ве интересира

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија