Општина Куманово, Фондацијата за култура и спорт, кумановската Библиотека и Центарот за развој на североисточниот плански регион ќе аплицираат за средства од прекугранична соработка на Бугарија и Македонија.
Како што информираа денеска надлежните од секторот за меѓунаордна соработка на општина Куманово, проектот на Фондацијата за култура и спорт се однесува на возобновување на кино-продукцијата, североисточниот поднесува апликација со бугарските општини Банско и Дупница за реконструкција на постоечки објект во занаетски дом во село Пчиња, библиотеката за тетарски мост на културата, општината, пак, аплицира за реконструкција на Градската куќа.
– Станува збор за поранешниот хотел „Солун“ кој ќе биде опфатен со реконструкција, лоциран во строгото градско подрачје. Објектот ќе се реконструира од кров до темел и ќе се користи во понатамошен контекст на здружението кое е во зародиш – Асоцијацијата на македонските и бугарските прекугранични општини, изјави Горан Митевски, раководител на сектор за меѓународна соработка.
За овој повик обезбедени се седум милиони евра на ниво на Македонија, а се однесува на општините од севроисточниот, југоисточниот и источниот регион. Крајниот рок за апаликација е 11 мај, во оваа фаза се привршува потребната документација за да се аплицира.