Владата ја проширува обврската од алатката за транспарентност на околу 50 органи

Од:

Владата ја проширува обврската од алатката за транспарентност на околу 50 органи во состав на министерствата, јавни претпријатија и акционерски друштва во државна сопственост, изјави на денешната прес-конференција Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски.

– Владата ги задолжи директорите и замениците директори на јавните претпријатија, самостојните органи на државната управа, правните лица со јавни овластувања, акционерските друштва во државна сопственост и органите во состав на министерствата, што се околу 50 на број, што влегуваат во овој втор прстен на проширување на алатката за транспарентност, изјави Поповски.

Посочи дека информациите тие треба да ги достават во текот на јуни, по што ќе бидат објавени на нивните веб страници.

– Планот е во иднина оваа алатка да биде проширена на сите буџетски корисници. Тоа значи дека локалната самоуправа и сите носители на функции што можат да трошат пари на граѓаните тоа редовно да го објавуваат и тоа да стане практика во Република Македонија, изјави Поповски.

Посочи дека првиот извештај на алатката за транспарентност се однесуваше на премиерот, министрите и државните секретари и дека ќе следи и втор извештај, поврзан со оваа група на носители на јавни функции што ќе го опфати периодот од 1 декември 2017 година до 31 мај 2018 година.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски