Планот 18 е во почетна фаза и се однесува на активности до крајот на 2018 година

Од:

Планот 18 е во почетна фаза и се однесува на активности што треба да се преземат до крајот на 2018 година врз основа на Извештајот од Европската комисија, изјави денеска владниот портпарол Миле Бошњаковски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа што соджри Планот 18.

– Овој план Владата на Република Македонија го утврди заедно со Европската комисија врз основа на Извештајот, што го добивме во вторникот. Се работи за план што е во почетна фаза и наскоро ќе имаме драфт, рече Бошњаковски.

Посочи дека се работи за имплементација на активности до крајот на 2018 година.

Вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Бујар Османи вчера најави дека во претстојниот период Владата влегува со новиот план 18 што ќе биде фокусиран на она што треба да се стори до и по јунскиот Самит на ЕУ.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски