На 17. „Вешта жена 2018“ во Кичево каде присуствуваа над 300 посетители и гости, најдобра беше Аница Трајкоска со „Пролетен сон“. Таа стекна право да учествува на 27. републичката манифестација што ќе се одржи во Лешок на 11 и 12 мај.
Покрај Трајкоска, во категоријата Гран при, надвор од конкуренција, учествуваа уште две софри чии „креаторки“ исто така ќе учествуваат на републичката манифестација.
ВИП-благодарници за посебен придонес во својата професија им беа доделени на д-р Биљана Настеска, писателката Оливера Ширгоска и Синка Ѓурческа.