Двајца браќа од Скопје приведени поради производство и продажба наркотични дроги

Од:

Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.Д. (27) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија.

МВР информира дека на 16.04.2018 година, по издадена судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на Р.Д. на улицата „Сава Михајлов“ во Скопје, каде бил затекнат и неговиот брат Б.Д. (30). При претресот биле пронајдени една вреќа, едно најлонско пакување, еден шприц и вага кои биле одземени и дадени на вештачење. Од вештачењето било утврдено дека во вреќата и најлонското пакување има 558 грама марихуана, во шприцот има еден мл хашиш и на вагата имало остатоци од марихуана. Пријавениот и неговиот брат биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гази Баба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Рекордна заплена на дрога во Чиле – фатени се над 100 тони кокаин вредни околу 8,3 милијарди долари

А1он

Карабинерите кај Албанец пронајдоа дрога вредна повеќе од 3 милиони евра

А1он

20 килограми кокаин запленети во Србија – уличната вредноста на дрогата достигнува и до 5 милиони евра

А1он

Уапсен е скопјанец – пронајдени се марихуана, амфетамин и метадон во подрум во Аеродром

А1он

Претрес во Тетово: Пронајдена е дрога, едно лице е уапсено

Полицијата во Нови Сад пронајде шест килограми кокаин во автомобил, уапсен е возачот