Министерот Адеми на средби со македонската дијаспора во Шведска

Од:

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми од денеска до 21 април ќе престојува во официјална посета на Кралството Шведска, каде во Гетеборг ќе учествува на Изборното Собрание на Македонскиот сојуз во Шведска, едно од најголемите здруженија на Македонците во оваа земја.

Како што соопштија од неговиот кабинет, Адеми ќе има средба и со друштвото на Македонците “Кочо Рацин“ во градот Борос, како и со други друштва по потекло од Македонија, кои дејствуваат во Шведска. Предвидено е Адеми да оствари средба и со претседателката на Градскиот Совет на Гетеборг, Лена Малм.

– Во фокусот на средбите со дијаспората и со локалните претставници на Шведска, ќе стане збор и за новиот пристап на Владата на Република Македонија кон дијаспората и нивно институционално поврзување со матичната земја, како и размената на искуства во однос на странските инвестиции и зајакнување на економскиот сегмент за поврзување со Македонија. Меѓу другото, министерот Адеми, соговорниците ќе ги информира и за политичките состојби во државата, активностите за членството на НАТО и ЕУ интеграциите, како и размена на мислења за регионалната соработка и други актуелни прашања., стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски