ВМРО-ДПМНЕ: За разлика од просечниот граѓанин, животот дефинитивно дојде за Анѓушев

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштенијата на СДСМ и Кочо Анѓушев.

„СДСМ и Анѓушев немаат одговор на прашањата кои ги имаат граѓаните за низата скандали од невидени размери во кои е вмешан вицепремиерот за економски прашања.

Анѓушев мора веднаш да одговори дали единствената причина поради која стана дел од владата на СДСМ е да добива тендери и привилегии за да го отплати енормниот долг од 26 милиони евра кон своите доверители?

Анѓушев, Заев и Тевдовски за 11 месеци „сработеа“ 0 проценти раст на БДП за 2017 година, пад на градежништвото како и енормен пораст на корупцијата. Ова се „придобивките“ од животот кој Анѓушев и СДСМ го донесоа за македонската економија.

За разлика од просечниот граѓанин и бизнисмен во Македонија, животот дефинитивно дојде за Анѓушев и неговите компании.

Животот дојде за компанијата на вицепремиерот „Фероинвест“ која доби тендер од државната компанија ЕЛЕМ во вредност од неверојатни 2.6 милиони евра.

Ветениот живот дојде и за неговата компанија „Брако“ која од владата доби ослободување од царински давачки за увоз на јонско литиумски акумулатори, кои единствено ги користи фирмата на Кочо Анѓушев во Македонија.

Останува и дилемата, која ја интересира јавноста, дали има поврзаност околу лицитирањето со името и продажбата на неговата компанија за трговија со електрична енергија ЕДС на грчкото електростопанство.

Ова се резултатите на работењето на Анѓушев, живот за него, а пекол за граѓаните на Република Македонија. Доколку молчењето е потврда, тогаш Анѓушев одамна требаше да поднесе оставка“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Кузеска: 100 дена Влада а 300 скандали, најмногу во МВР

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ