Директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски се сретна со амбасадорот на Полска во нашата држава Н.Е. г-дин Јацек Мултановски.
На средбата се разговараше за можностите за идна соработка како и за автентичните искуства во двете држави во меѓуконфесионалните односи и мотивирањето на соработката на конфесиите.
Директорот Сотировски изрази надеж дека во следниот период со воведувањето на редовна авио линија Скопје-Варшава ќе се зголеми бројот на полски државјани кои ќе ја посетат Македонија и ќе можат да се запознаат со древните сакрални објекти, кои ја прават нашата држава препознатлива во целиот свет. КОВЗРГ во соработка со верските заедници и други државни органи во следниот период ќе изготви понуда за посета на сакралните објекти низ државата од странски туристи.
Амбасадорот му посака на директорот успешна работа и ја изрази својата потполна поддршка кон работењето на Владата на Република Македонија.