Сирково ќе го гледа брзиот пат Градско-Прилеп, но ќе нема клучка кон него

Од:

Сирково ќе го гледа брзиот пат Градско-Прилеп кој се очекува да се гради набрзо, но ќе нема клучка за сирковчани да можат да излезат на оваа делница. Советникот Јовица Стошиќ од Советот на општина Росоман потврди за МИА дека ова навистина претставува проблем за нив и тие ќе протестираат, доколку не биде слушнат нивниот глас. Бидејќи како што нагласи, наместо веднаш да излезат на брзиот пат, тие ќе мораат да вртат со километри за да се вклучат на новата делница. Токму поради овој проблем, росоманскиот градоначалник и општинските советнци и синоќа имале средба со проектантот.

– Најтрагично од се е тоа што за оваа работа дознавме пред околу една седмица. Според нас, поединци од претходната власт работеле скришно, бидејќи во минатото никој нас не ни кажа дека ова вака се планира да биде. Сега планираме да одиме во Министерството за транспорт и врски и да видиме што може да се поправи од тоа што и тие го наследиле како проблем. Сирковци кои имаа имоти на делот каде што ќе минува патот, своевремено ги дадоа на државата за мали пари, за општото добро за сите. Колку што јас знам им платија ниски цени по квадратен метар, но никој не се спротивстави, само за да има клучка и бенефит од тој пат, пристапност до него. Поединци од претходната власт во чие време и се цртал проектот, ветуваа дека ќе има клучка кај Сирково. Сега дознаваме клучка нема да има, а работите се во завршна фаза, а ние во една шах-мат позиција, рече Стошиќ, кој е советник од редовите на СДСМ.

Сега, додаде, ќе мора да бојкотираат.

– Како село сме единствени. Ако не се вметне клучка во проектот и нашите преговори во Министерството не вродат со плод, ние ќе протестираме на местото каде што треба да минува патот и нема да дозволиме да се гради. Не мислиме само на бенефитот за нас, туку и за доброто на целата општина Росоман. Бидејќи проблем има и околу предвидената клучка кај селото Крушевица која пак не е поврзана со патот до Росоман. Треба наново да се гради нов пат до Росоман, кој поради експропријација ќе чини многу и можеби никогаш нема да биде изграден. Така да според наши согледувања, ќе остане слепа што се вели и таа клучка, нагласи Стошиќ, кој сепак изрази надеж дека преговорите ќе имаат успех и дека до протести нема да дојде.

Сирково има околу 700 жители.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка на патот Кавадарци – Росоман, неколкумина повредени

A1on

Саниран проблемот со системот за наводнување Макарија, од утре земјоделците од Росоман ќе имаат вода

Росоманец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од сопругата

А1он

Овоштарите од Росоманско ќе добијат обесштетување поради мрзнењето на овошките

А1он

Жителите на Сирково побараа помош од градоначалникот на Росоман за да добијат приклучок кон патот Градско-Прилеп

Ана Ололовска

Полицаец и полицајка повредени во сообраќајка во Росоман

А1он