Кичевските улици со нова хоризонтална сигнализација

Од:

Во Кичево деновиве на улиците се поставува нова хоризонтална сигнализцаија. Работниците од компанијата што ги изведува работите без прекин ги освежуваат пешачките премини и сите неопходни хоризонтални знаци, за непречено одвивање на сообраќајот.

Овој зафат е дел од програмата на општина Кичево за 2018 година и е финансиран од локалниот буџет. Општинарите се задоволни што навремено ќе биде завршен овој зафат пред шпицот на сезоната, кога во градот бројот на патнички мотони возила и тројно ќе се зголеми.

– Како и претходните две години, така и годинава во оптимален период вршиме поставување нова хоризонтална сигнализација на сите сообраќајници во градот. Хоризонталната сигнализација го олеснува одвивањето на сообраќајот, а од друга страна ја зголемува безбедноста на пешаците. Очекуваме во наредните десетина дена градот во целост да добие нова хоризонтална сигнализација, вели Емин Насуфи од општина Кичево.

Би можело да ве интересира

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево

Бебе почина во Општата болница во Кичево, телото дадено на обдукција

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, да биде симбол на соживот, а не на поделби

Јовановски: Сите оние коишто се уште се двоумат, нека размислат уште еднаш

А1он

(ВИДЕО) Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух