Дејвид Швимер е нов генерален директор на Лондонската берза

Од:

Генерален директор на Лондонската берза (ЛСЕ) од 1 август ќе биде Дејвид Швимер, еден од челните луѓе на инвестициската банка Голдман Сакс.

Групацијата ЛСЕ соопшти дека за генерален директор го именувала Швимер, откако неговиот претходник Гзавие Роле минатата година се повлече од таа функција по нешто помалку од десет години.

Швимер е во Голден Сакс веќе 20 години, каде неодамна работеше како директор за пазарни структури на глобално ниво и меѓународен раководител на Секторот за инвестициско банкарство во металскиот и рударскиот оддел.

Би можело да ве интересира

Велика Британија испраќа воената помош за Украина од 580 милиони долари

Инцидент во Велика Британија: Полицијата пукаше и уби маж кој тргнал кон нив со нож

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски