Обвинетиот за напад врз пратеникот и лидер на ЛДП, Горан Милевски денеска ја признал вината и побарал втора шанса од судот и оштетениот.
Со одредувањето на условна казна за напаѓачот, случајот е решен уште во првото рочиште. Лидерот на ЛДП, за „А1он“ изјави дека е задоволен од пресудата.
„Секој има право на втора шанса, но треба да се знае дека насилството не е метод за решавање на проблемите“, рече Милевски.
Исто така, тој посочи дека не побарал паричен надомест за нападот и додаде дека случајот е решен на обострано задоволство.
Првиот човек на ЛДП пред неколку недели беше физички нападнат на градскиот плоштад. Откако МВР објави фотографија, полицијата добила повеќе повици од граѓани што им помогнале да го идентификуваат напаѓачаот.
Виктор Јованов