Албанската Влада го осуди отстранувањето на споменикот на припадниците на ОВПМБ од центарот на Прешево, оценувајќи го овој чин како „последователна потврда на албанофобијата на властите во Белград, кој јасно потврдува дека расистичкото антиалбанско наследство на Слободна Милошевиќ се уште е живо и доминира во официјалната политика на Белград“.
Според Владата, преку овој чин Белград потврдил дека го прекршил законот и меѓународните конвенции, јави дописникот на МИА од Тирана.
– Албанската Влада апелира до меѓународните институции да ја запрат албанофобската бура, која често се појавува во регионот, како фактор кој им се заканува на мирот и стабилноста, стои во соопштението на Владата во Тирана.
Владата истовремено го поздравува и дава целосна поддршка на умерениот став на локалните власти и албанските граѓани во Прешевската Долина кон српскиот терор и им гарантира дека Албанија секогаш ги поддржувала и ќе ги поддржува човековите и национални права и слободи на Албанците во тој регион „кои во никој случај не може да имаат поинакви стандарди од оние кои Белград ги бара за Србите во северот на Митровица“.