(ВИДЕО) Андоновски: Со предлог-законот за високо образование се нарушува автономноста на студентското организирање

Од:

Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека студентите и високото образование не се приоритет на Владата предводена од СДСМ.

– Доколку владата сакаше да ја подобри состојбата во оваа област, немаше да има ваков однос. Ставија европско знаменце на законот за високо образование, а се покажа дека тоа е само начин да ја забрзаат процедурата, но не и суштински да го подобрат текстот на законот. Како поинаку да се толкува фактот што мнозинството и министерката Рената Дескоска одбиваат да прифатат амандмани со кои се предвидува зацврстување на автономијата на студентското организирање, како и зачувување на студентскиот стандард. Предложениот закон е рестриктивен и недемократски во однос на правата на студентите, студентските избори, односно студентскиот парламент, рече Андоновски.

Тој рече дека со овој закон универзитетските односно факултетските студентски собранија стануваат тела на универзитетот, факултетот односно високата стручна школа и тоа е погрешно.

– Со ова се влијае на автономијата и независноста на студентското организирање. Апсурдно е изборите за студентските претставници на факултетстките студентски собранија да ги распишува деканот наместо самите студенти. Студентскиот правобранител кој треба да ги штити правата на студентите ќе се бира на седница на универзитетскиот сенат и на сенатот ќе треба да му поднесува извештаи за неговата работа. На кого му служи студентскиот правобранител, на студентите или на професорите? Предложените одредби значат инволвирање на универзитетот во работата на студентското движење. Студентите треба да бидат независни и не смее да има влијание на нив од страна на органите на единиците или универзитетот, рече Андоновски.

Тој додаде дека предлог-законот го укинува правото за намалување на партиципацијата на децата од еднородителски семејства.

– Со предлогот на СДСМ, децата од еднородителски семејства се изедначени со сите други студенти и немаат право на поволности при студирањето. Социјалната компонента и вреднување на успехот и трудот на студентот веќе ги нема ни на хартија. Имено, СДСМ го укинува правото на редовен студент кој е запишан во приватна квота на државните универзитети и плаќа 400 евра, по првата година од студии доколку постигне просек од 8,5, да може да се префрли во државна квота и да плаќа само 200 евра до крајот на студирањето, доколку го задржи просекот. Се укинува и правото на бесплатно школување за студенти со завршен просек од над 9 во претходната година. Со неприфаќањето на предлозите да се подобри текстот се пропушта шансата за подобар закон. Со ова владата предводена од СДСМ покажува дека високото образование воопшто не им е приоритет, туку партиските интереси, рече Андоновски.

Во врска со инцидентот во училиштето во Неготино, Андоновски рече дека одговорноста е исклучиво во министерството за образование и наука кое треба да овозможи нормален и мирен образовен процес.

– Одговорност за сето ова што се случува мора да постои. Видовме каква е ситуацијата со Агенцијата за млади и спорт и нивната небулозна збирка поезија кој што ја публикуваа па потоа се криеа позади некакви комисии, некакви туѓи одговорности, а првиот човек на таа институција не понесе никаква одговорност. Се надевам дека во овој случај Министерката ќе понесе одговорност како професор кој доаѓа од таа фела ќе поднесе највисока одговорност и ќе си замине од функцијата која ја води во моментов, рече Андоновски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања