Владата усвои нов закон за заштита на децата

Од:

Нов Закон за заштита на децата усвои Владата на последната седница, за чие креирање Министерството за транспорт и врски соработувало со УНИЦЕФ. Меѓу новините е тоа што се овозможува домашно правно и физичко лице да основа агенција за давање услуги за чување и нега на деца од предучилишна возраст.

– Со оваа одредба се овозможува отворање агенции за чување  деца со што непосредно се надминува проблемот со нерегистрирани лица кои чуваат деца и воедно со регистрација на агенциите, лицата кои работат односно даваат услуга чување на деца имаат одговорност и нивната работа е предмет на инспекциски надзор и контрола, рече на прес-копнференција министерот Спиро Ристовски.

Лицето што дава услуга за чување  деца треба да исполнува одредени услови, меѓу кои да не е осудуван за кривични дела, да не му е одземено родителското право, да е психофизички здрав.

Законот  овозможува и физички лица да вршат одредени работи од дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст како професионална дејност, во домот на родителите и во сопствениот дом. Предвиедено е со оваа мерка да се стимулираат невработени лица да се вклучат во системот на заштита на децата преку давање на услуга – чување на деца.

Воведена е и законска одредба со која министерството ќе води  регистри како единствена база на податоци за правни и физички лица кои вршат дејност во рамките на системот за згрижување, воспитание и образование на деца од предучилишна возраст и на установи за одмор и рекреација на децата. Регистрите ќе бидат објавени на веб-порталот на Министерството за труд и социјална политика и заинтересираните лица може да проверат пред да ангажираат одредено лице дали тоа е регистрирано за вршење на овој тип на дејност, односно дали поседува валидна лиценца за вршење на одредени работи во дејноста.

Ристовски потсети и на новините што МТСП ги промовираше во оваа сфера, како  Центар за ран детски развој, систем на лиценцирање  за стручниот кадар и директорите на градинките и лицата кои се вклучени во дејноста на згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, зајакнување на инспекциски надзор врз користење на правата и почитување на законот од страна на установите и на физичките лица кои ќе вршат одредени работи од дејноста, воведување Програма за рано учење и развој, како и електронско досие за секое дете со што ќе се следат секојдневните активности во установата за деца.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата