ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ немаше слух за амандманите со кои се предлагаше покачување на платите на професорите

Од:

„Ниту професорите, ниту студентите немаат полза од тоа што приоритет на СДСМ е да му опонира на ВМРО ДПМНЕ наместо да се труди да обезбеди повеќе средства за високото образование. Ваквото однесување е резултат на нивната неспособност и незнаење.

СДСМ немаше слух за амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ со кои меѓу другото се предлагаше покачување на платите на сите универзитетски вработени и покачување на процентот од БДП кој се одвојува за високото образование.

Со ова не направија штета на ВМРО-ДПМНЕ, туку направија штета за студентите, професорите и општо на образованието во Македонија.

Сега јавноста на дело ја виде дволичноста на СДСМ“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места