Груевски: Нема да дозволиме опозицијата да наштети на евроинтеграциите

Од:

Владата ќе продолжи со реформите и нема да дозволи опозицијата да наштети на евроинтеграциите, истакна денеска премиерот Никола Груевски, коментирајќи дали однесувањето на опозициската СДСМ може да влијае или да наштети на интеграциите на Македонија во Европската унија.

Според Груевски,  реформите што треба да се преземат за евроинтеграциите преку конкретни чекори, приближување на законодавство, се работа што Владата ќе ја заврши без оглед дали СДСМ биле во Парламентот или не.

– И нема да застанеме, ниту пак да се дефокусираме во тој поглед. Но, во оној дел  каде се гледа атмосферата во државата, угледот, политичката клима, тука може да направи одредена штета и токму  затоа го повикувавме СДСМ да престане да го прави тоа, изјави Груевски, по посетата на две нови лаборатории на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Сосема е јасно, посочи премиерот, дека таа штета оди некому во прилог. – И малку е симптоматично  зошто секогаш кога на земјата ќе и тргне, кога ќе добиеме како сега најпозитивен извештај, кога се покрена  во Брисел една дискусија за добивање датум што дотогаш никогаш не беше покрената, секогаш кога ќе се случи такво нешто, се  јавува некој фактор, некое лице, како во случајов Бранко Црвенковски, кој сакајќи наводно да  оствари некои сопствени цели, практично прави штета на имиџот на државата, на угледот, на оценката што треба да ја добива државата на нејзиниот пат на европските интеграци, изјави Груевски.

Како и да е, порача премиерот, како Влада ќе продолжиме да работиме да се минимизираат тие штети или колку што е можно да отстранат и во тој поглед не случајно во минатите денови го повикувавме СДСМ да се врати таму каде што му е местото.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он