(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром повеќе не е најурабното и најпосакуваното место за живеење во градот Скопје

Од:

Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека на денот кога општина Аеродром го прославува својот 13-ти роденден може да се констатира дека општината повеќе не е најурабното и најпосакуваното место за живеење во градот Скопје.

– Се тоа благодарение на градоначалникот Златко Марин. После 13 години од формирањето на општината, аеродромци сега се соочуваат со запуштени паркови, несредено зеленило и ѓубре по улиците и пешачките патеки. Дивите депонии и растурените контејнери можат да се сретнат на секој чекор во општината. Нападите од кучиња скитници станаа секојдневие за аеродромци. Инфраструктурата од Долно Лисиче па се до Мичурин секојдневно се уништува, а општината нема намера да преземе било што за нејзино подобрување. Ветуваа решавање на проблемите со паркирањето, а единствено од решавањето е активирање на пајак службата и преку удар врз џебот на граѓаните, полнење на буџетот на град Скопје и општина Аеродром, рече Митески.

Тој додаде дека градоначалникот Марин ветувал чисто воздух, а наместо тоа Аеродром повторно станал рекордер во загадување.

– Ветуваа крај на градењето, ама излажаа. Безидејноста на градоначалникот оди дотаму, што пред неполн месец со градоначалникот Шилегов најавија проект што ќе се реализира во септември, за на крај да излезе дека и тоа е проект предвиден од ВМРО-ДПМНЕ. А до септември останува да чекаме и да се надеваме дека градоначалникот ќе се разбуди од зимскиот сон. Повеќе од два месеци градоначалнкот нема храброст да присуствува на седница на совет со смешни изговори, избегнувајќи ги прашањата на советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Од причина што градоначалникот не собра храброст да присуствува на седница на совет, јавно ќе му поставиме неколку прашања:
1. Дали градоначалникот ќе реализира било каков проект за аеродромци?
2. Дали градоначалникот слушна од медиумите дека има поставено директор на најголемото основно уличиште лице кое е осудено за семејно насилство и дали ќе преземе нешто по однос на тоа прашање?
3.Зошто градоначалникот молчи и повеќе од еден месец не постапува по известувањето и записникот на државниот просветен иснпекторат, во кои јасно е констатирано дека поставената директорка на ООУ „Александар Македонски“ не ги исполнува условите за именување на директор? Или можеби ќе треба да даде одговор пред надлежното обвинителство, заради злоупотреба на службената должност и овластување?

Аеродромци очекуваат конечно градоначалникот да почне да ја заработува својата плата и да ги реализира проектите заради кои беше избран. Премногу ветувања имаше во изборната кампања, а ниту едно реализирано, рече Митески.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и понатаму ќе продолжи да биде конструктивна опозиција во советот на општината, меѓутоа редовно ќе го потсетува градоначалникот на нереализираните ветувања.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите