(ВИДЕО) Рамчиловиќ: Платите на просветните работници се меѓу најниските во регионот

Од:

Зекир Рамчиловиќ од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека образованието, особено високото образование не е приоритет на СДСМ.

– Зоран Заев и СДСМ тоа го покажаа со отфрлањето на конструктивните амандмани на ВМРО ДПМНЕ на вчерашната комисија за образование. Со овој чекор СДСМ не му прави штета на ВМРО-ДПМНЕ, туку им прави штета на студентите, професорите и на образованието во целина. ВМРО-ДПМНЕ подготви и предложи измени кои требаше да го подобрат решението и кои значат развој на образованието во насока на приближување до европските стандарди. Еден од сегментитети кои беа опфатени, а беа опфатени со нашите амандмани беше финансирањето во предложениот закон кое не е до крај дефинирано, ниту во однос на Универзитетот, ниту во однос на коефициентот на платите на наставниот и соработничкиот кадар, што кога ќе се земат во предвид платите на универзитетските работници споредено со други далеку подобро платени позиции во општеството, ја прави сферата на високото образование за жал неконкурентна и непривлечна за вработување на млади кадри, рече Рамчиловиќ.

Тој додаде дека платите на просветните работници во Македонија се меѓу најниските во регионот, а наставниците за разлика од административците, не добиваат никакви друго поволности.

– Наставниците не добиваат надоместоци за својата прекувремена работа која неретко се одвива и за време на викенд. Амандманот за законски утврдена висина на плати во член 183-а предвидуваше:
1. Нето платата на помлад асистент на факултет е во висина од една и пол нето плати исплатени во Република Македонија во минатата година.
2. Нето платата на асистент на факултет е во висина од три просечни нето плати.
3. Нето платата на доцент на факултет во висина од четири просечни нето плати
4. Нето платата на вонреден професор на факултет е во висина од четири и пол просечни нето плати.
5. Нето платата на редовен професор на факултет е во висина од пет просечни нето плати исплатени во минатата година во Република Македонија.

Односно предложивме загарантирана нето плата за помлад асистент во висина од околу 36 илјади денари, за асистент во виснина од околу 72 илјади денари, рече Рамчиловиќ.

Тој кажа дека за доцент на факултет предлагале нето плата во висина од околу 96 илјади денари, а за редовен професор плата од 120 илјади денари. Според предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, вонреден професор би добивал плата од околу 108 илјади денари.

– Затоа, цениме дека ако овој предлог закон може да ја регулира платата на директор на Агенција за Квалитет кој ќе добива три просечни плати во Македонија, тогаш треба да се утврди и висината на платите на наставниот и соработничкиот кадар во високото образование и тие да добијат плата по европски терк. Дека образованието во целина не преставува приоритет на Владата предводена од СДСМ говори и фактот што СДСМ наместо зголемување, постојано крати средства од буџетот. Лани СДСМ, по само еден месец власт одлучија да го скратат Буџетот наменет за образование за 1,5 милијарди денари. Ако се земе предвид владеењето на ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та година до 2017 во континуитет го зголемуваше Буџетот за образование, за од некогашните 13 милијарди денари во време на СДСМ, да дојде на 25 милијарди денари во 2017 година, средства кои подеднакво се инвестираа во сите сфери на образовни. Да потсетам дека во време на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ оваа ставка растеше во континуитет, рече Рамчиловиќ.

Тој додаде дека ова е само еден дел од конструктивните амандмани на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои произлегле од реалните состојби во оваа област.

– ВМРО-ДПМНЕ стои зад своите предлози, бидејќи тие се издржани и се во насока на унапредувањето на образованието во Македонија, како еден од темелите кој ја гарантира иднината и развојот на државата. Жалиме што СДСМ немаше слух ниту за потребите, ниту за барањата на јавноста и се одлучи на ваков недемократски потег со кој се оневозможува унапредување на образованието, преку подобрување на текстот на предлог законот за високо образование, рече Рамчиловиќ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче беше фатен и со матен тендер за стерилизацијата која е клучна во медицината

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања