Премиерот Заев со претставници на судската полиција: Како Влада се водиме од начелото на почитување на сите професии и дејности и нивно соодветно вреднување

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, придружуван од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и советничката за правдаТања Чачарова Илиевска, денеска остварија средба со претставници на судската полиција.

Судските полицајци му се заблагодарија на премиерот Заев за приемот и ги изложија предизвиците со кои се соочуваат во својата секојдневна работа.

Претставниците на судската полиција со премиерот Заев се согласија дека е потребно да се обезбеди повисок стандард и подобар социјален статус за полицијата која ги обезбедува судовите во Република Македонија.

„Владата, која јас ја предводам, има волја и прави напори да ги обезбеди и сочува работничките вредности на сите професии и дејности и нивно соодветно вреднување“, рече премиерот Заев изразувајќи уверување дека преку институциите ќе се заложи за подобар стандард и надминување на актуелните проблеми на претставниците на судската полиција.

Премиерот Заев и неговите соработници оценија дека се посветува соодветно внимание за подигнување на нивото на професионалност на сите службени лица, преку почитувањето на соодветните стандарди.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари