Бектеши: Македонија од последна земја на листата стигна до водечка позиција во регионот

Од:

Македонија е високорангирана во однос на реформите во енергетиката што ги спроведуваат Владата и Министерството за економија. Во Извештајот за одржлив развој на Енергетска заедница, посветен на земјите од Западен Балкан, Република Македонија е рангирана на првото место во регионот, во однос на напредокот во исполнувањето на енергетските реформи.

Македонија има највисоки оценки на листата од шесте земји од Западен Балкан: Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора, и тоа во областа на енергетската ефикасност, обновливите извори на енергија, заштитата на животната средина, транспарентноста и условите за инвестиции во областа на енергетиката. Благодарение на динамиката на енергетските реформи, Македонија оваа година е рангирана на прво место, а во Извештајот за одржлив развој на Европската енергетска заедница за месец јуни 2017 година, беше рангирана во групата на земји со значителна стагнација во однос на одржливите реформи во областа на енергетиката.

Кон крајот на март, македонската Влада го одобри новиот Закон за енергетика, предложен од Министерството за економија, а донесувањето на овој закон, главно, има економско влијание, бидејќи го означува крајот на монополот и доделувањето на правото на избор на потрошувачите, што значи дека малите и средните претпријатија, како и домаќинствата ќе имаат право да изберат снабдувач на електрична енергија и природен гас.

Покрај тоа, предлженото решение ќе ја зголеми конкурентноста во доделувањето feed in премииите, во транспарентна постапка која ќе вклучува аукција, што се очекува да придонесе за зголемување на инвестициите во енергетскиот сектор, преку одржливи правни рамки.

Би можело да ве интересира

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија